МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА АДЕМИ УПАТИ ТЕЛЕГРАМА СО СОЧУВСТВО ПО ПОВОД СМРТТА НА УМЕТНИКОТ ИСЕНИ РЕЏАИ

Министерот за култура Асаф Адеми испрати телеграма со сочувство по повод смртта на истакнатиот ликовен уметник Исени Реџаи …

Почитувано семејство,

Со големо жалење ја примив веста за смртта на реномираниот ликовен уметник Исени Реџаи. Неговото повеќедецениско уметничко дејствување во локални и национални рамки, како и вредното творештво што го остави зад себе, претставуваат значајна алка во тековите на нашата ликовна продукција. Наградите и призанијата за неговиот богат уметнички опус во областа на сликарството се само потврда дека македонската култура изгуби голем уметник, кој со сите свои потенцијални можности го достигна врвот на ликовната култура.

Сакам да упатам длабоко сочувство до семејството, соработниците, пријателите…

Нека му е вечна слава!

 

Слични Објави