ВО БУГАРИЈА ДЕНЕСКА СЕ ОДРЖУВААТ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

//

Според последните анкети на јавното мислење во Бугарија, владејачката партија на премиерот Бојко Борисов – ГЕРБ има убедливо водство од 8,5 отсто пред најголемата опозициска партија БСП, односно за ГЕРБ се изјансуле 28 отсто од избирачите, а за БСП 20 отсто.

Во Бугарија денеска ќе се одржат парламентарни избори, а во трката за 240-члениот бугарски парламенти ќе се натпреваруваат 6.895 кандидати, предложени од 30 партии и коалиции. Изборите се први што се одржуваат во услови на епидемијата од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Софија, пренесува Слободен печат.

Вкупниот број на гласачи во Бугарија е 6.732.316 лица. Граѓаните својот глас ќе го дадат на 11.983 гласачки места , а во 9.398 од нив ќе може да се гласа машински. Ова е втор изборен циклус во Бугарија на кој може да се гласа машински. Постојат 409 подвижни оддели за лица со попреченост, а, исто така, ќе има и оддели во одделенијата на болници во Ковид.

Денот на изборите во Бугарија почна во 7 часот утринава и ќе заврши во 20 часот по локално време.

Први што гласаа на парламентарните избори беа бугарски државјани кои живеат во Нов Зеланд, а последни ќе бидат Бугарите на Западниот брег на САД.



Во Република Северна Македонија ќе може да се гласа во Бугарската амбасада во Скопје, Генералниот конзулат во Битола, ќе има делови во Струмица, Штип и Охрид.

Според последните анкети на јавното мислење во Бугарија, владејачката партија на премиерот Бојко Борисов – ГЕРБ има убедливо водство од 8,5 отсто пред најголемата опозициска партија БСП, односно за ГЕРБ се изјансуле 28 отсто од избирачите, а за БСП 20 отсто.

Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА: СЕ ПРАВАТ НАПОРИ ДА СЕ СПАСИ ПРОЦЕНТОТ НА МАКЕДОНЦИ И ДА СЕ НАМАЛИ ПРОЦЕНТОТ НА АЛБАНЦИ

Следна статија

31 ПРЕКРШОК НА ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ, 516 САНКЦИИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА

Најново од Вести