| |

Во бугарските училишта и градинки се запишани 2250 деца од Украина

2250 деца и ученици од Украина се запишани во бугарските училишта и во групи за предучилишно образование во градинките заклучно со ноември 2022 година.

Податоците ги соопшти заменик-министерот за образование и наука, д-р Марија Гајдарова, на средба со претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Бугарија, г-ѓа Седа Кузуџу. На средбата присуствуваа и советникот за заштита на УНХЦР (Работа во заедницата) Рукија Азиз и советникот за заштита на УНХЦР Петја Карајанева, известија од МОН на Бугарија.

Според податоците на Министерството, заклучно со ноември 2022 година, во групите за предучилишна едукација во градинките и училиштата биле запишани 512 деца, а во училиштата се запишани 1.738 ученици од Украина. Сите тие се школуваат во 220 градинки и 431 училиште. Заменик-министерката Гајдарова нагласи дека на сите овие деца и ученици им се обезбедува доквалификација на бугарскиот јазик како странски јазик, за што Министерството за образование има изготвено посебно наставно помагало, како и дообука по други предмети за надминување на образовните тешкотии.

Во рамките на средбата беа презентирани успешно спроведените политики на Министерството за образование и наука во областа на инклузивно образование на деца и ученици кои бараат или добиваат заштита. Заменик министерката Марија Гајдарова ги истакна мерките и постигнатите резултати за вклучување на децата и учениците од Украина кои бараат или добиваат заштита во бугарските градинки и училишта. Министерството за образование и култура има законски дефинирана процедура за поднесување апликации и запишување деца и ученици од Украина, со што се овозможува навремено и непречено овие деца и ученици да бидат вклучени во бугарскиот образовен систем.

Во моментов во Бугарија студираат околу 1.400 украински студенти, специјалисти и докторанти. Центарот за оценување во предучилишното и училишното образование спроведе испити за утврдување на познавање на бугарскиот јазик од странци за вршење на лекарската професија во Бугарија.



Слични Објави