Во четврток сите пред Триумфална Порта, да го пречекаме олимпиецот Дејан Георгиевски

//

Дочекот на Дејан Георгиевски, кој што вчера освои сребрен медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, ќе биде утре во 19:30 часот.

Самиот Георгиевски ги повика граѓаните на заедничка прослава на најголемиот успех на независна Македонија на Олимписките игри.

„Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток во 19:30 часот на триумфална порта на плоштадот заедно да го прославиме овој успех“, рече Георгиевски.





Претходна статија

На 2 август (Илинден) во Благоевград ќе биде откриен споменик на Мара Бунева

Следна статија

Голема полициска акција во Сингелиќ, приведени 12 лица, за трговија со дрога и оружје

Најново од Вести