ВО ЦРНА ГОРА ИМА САМО ЕДЕН АКТИВЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

/

Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека во последните 24 часа е потврден само еден случај на коронавирус и дека станува збор за увезен случај.

Бидејќи резултатот од повтореното тестирање на таа личност е негативен, се претпоставува дека, најверојатно, вирусот бил во завршна фаза, со што се минимизира потенцијалната заразност на тој пациент. Сепак, лицата што биле во контакт со тоа лице се идентификувани и ставени во самоизолација.

Од вчера до денес во Црна Гора две лица оздравеле од коронавирусот, а само едно лице е наведено како активен случај на Ковид-19 во земјата.



Во Црна Гора се потврдени 324 случаи, од кои 314 закрепнале, а девет лица починале.

Извор: Макфакс



Претходна статија

АНГЕЛОВСКА: ПРЕДЛОГОТ НА ЧУЛЕВ ЗА НАГРАДА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ НЕ КОРЕСПОНДИРА СО БАРАЊЕТО ЗА РЕБАЛАНС

Следна статија

ПОЗИТИВЕН НА КОВИД 19 ВРАБОТЕН ВО ГРАДИНКА ВО СКОПЈЕ

Најново од Вести