| |

АНГЕЛОВСКА: ПРЕДЛОГОТ НА ЧУЛЕВ ЗА НАГРАДА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ НЕ КОРЕСПОНДИРА СО БАРАЊЕТО ЗА РЕБАЛАНС

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција рече дека предлогот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за парична награда на полицајците од 15 000 денари не е во склоп со барањето за ребаланс на буџетот од пред два дена.

„Предлогот за кој прочитав во медиумите не кореспондира со барањето на склопен ребаланс пред два дена. Јас кажав дека Владата ќе се труди да најде начин сите кои заслужиле да ги награди и кажав дека тоа се во првите редови после здравствените работници, и полицијата и армијата, пожарникарите и сите кои пожртвувано работат и го дадоа максималниот свој потенцијал во справување со оваа криза“, рече Ангеловска.
Чулев вчера рече дека подготвил предлог-уредба која ќе ја достави до Владата.



Слични Објави