| |

ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ ИЗГРАДАТ КОПИЈА НА БЕРЛИНСКИОТ ЅИД

Во центарот на германската престолнина повторно ќе се подигне Берлинскиот ѕид. Сепак, ова ќе биде само копија на оној стариот кој ги делеше ФРГ и ГДР од 1961 до 1989 година. Како што објавија германските медиуми, проектот е организиран од група уметници и ќе може да се посети во текот на четири недели.

Според идејата на креаторите, посетителите на зоната заградена со Берлинскиот ѕид ќе можат да се најдат во „друга земја” и да разберат што значи да се изгуби чувството за слобода. За целосно потопување во предложените околности, посетителите ќе мора да ги остават своите современи паметни телефони, ќе биде вклучено гледање документарци, како и посета на специјални тематски изложби.

Цената на влезницата ќе биде 15 евра. Организаторите очекуваат посетеноста да биде голема, односно очекуваат до три илјади луѓе дневно.



Слични Објави