| |

ИРИ: 57 % ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО И ЕУ ПОД ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Мнозинството македонски граѓани сакаат да се реши спорот за името со Грција и Македонија да стане членка на Европската Унија и на НАТО, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во пресрет на референдумот на 30 септември. Вкупно 57 проценти од анкетираните, од кои 37 отсто „целосно“, а 20 проценти „донекаде“ го поддржуваат предлогот Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО под новото име „Република Северна Македонија“. Анкетата на ИРИ е спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку ГФК Скопје. Податоците се собрани преку интервјуа лице в лице од 28 јуни до 15 јули 2018 година од страна на обучени професионалци. Примерокот се состои од 1.100 анкетирани, на возраст над 18 години, а стапката на одговор беше 69 проценти. Истражување е спроведено со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој.

Слични Објави