Во Кабул убиени најмалку тројца американски војници
Две силни ексползии се случиле денеска во главниот град на Авганистан, во кои има мртви и повредени.
Најмалку тројца американски војници загинале во аеродромот на Кабул, известува агенцијата Ројтерс.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби потврди дека настрадале американски војници без да даде дополнителни детали.
Жртви има и меѓу авганистанските цивили, а повредените се згрижени.
Британските служби изминатите денови предупредувале за вакви крвави напади во Авганистан откако талибанците ја преземаа власта во земјата.
Извор: Zoom. mk