| |

Во Ќустендил започна меѓународниот конкурс за шлагерна песна „Запеј срце“ со изведувачи од Бугарија, Северна Македонија и Србија

Во Ќустендил, Бугарија денеска започна шеснаесеттото издание на Меѓународниот конкурс за шлагерна песна „Запеј срце“. Настанот се одржува во големата сала на читалиштето „Братство 1869 г.“Со жирито на натпреварот годинава ќе претседава примата на бугарската естрада Кристина Димитрова.

Музичкиот форум го отвори пејачката Елеонора Божанова, добитничка на многу престижни национални и меѓународни награди. На двата натпреварувачки дена ќе учествуваат изведувачи од цела Бугарија, Северна Македонија и Србија.

Утре во 12:00 часот во паркот пред читалиштето „Братство 1869“ учесниците во конкурсот заедно ќе ги испеат песните „Ој ти пиле, славеј пиле“ и „Болен ми лежи Миле Попјорданов“.

Слични Објави