| |

(Видео) Гласови од потонатиот брод- преживеаните по потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро раскажуваат…

14 години откако бродот „Илинден“ потона во водите на Охридското Езеро и загинаа 15 бугарски туристи, во „Темата на НОВА“ Стојан Нешев и снимателот Сафуан Ал Кјурди се враќаат таму каде што почнува се. Иако судскиот процес одамна завршил со минимални казни, роднините на загинатите се уште чекаат обештетување од фирмата која ја издала потврдата за техничка способност на бродот.

Бродот тоне во водите на езерото за многу кратко време.

„Чувството е многу шизофрено. Се радуваш затоа што си преживеал, но не можеш да бидеш среќен бидејќи околу вас некои загубиле 15 луѓе. Тоа е многу! Времето можеби лечи, но ако имаш близок кој погинал – тешко“, вели Десислава Толинова, која е патничка која ја преживеала трагедијата.

Погледнете повеќе во видеото што следи:



Слични Објави