| |

Ден на жалост

Пишува: Аргир од Б’лгарско Блаца

На 8 септември во Р. С. Македонија се одбележа денот на независноста, во кое обичните граѓани на ова земја повеќе ги почуствуваа штетите од криминалот и корупцијата, наместо да ги осеќаат бенефициите на демократијата и слободата! Истиот ден во Р. Бугарија беше прогласен ден на жалост во памет на загинатите во поплавите жители на општина Царево.

На 9 септември Р. Бугарија и бугарската нација го одбележаа еден од најцрните датуми во нивната историја! Пред 79 години Црвената армија на СССР изврши окупација на територијата на Царство Бугарија и како последица на тоа се изврши комунистички воен преврат. Во наредните денови и месеци територијата на Бугарија се претвори во вистинска ‘касапница’! Безбројни убиства, грабежи и силувања се случија по целата бугарска територија. Така наречените ‘народни судови’ составени главно од лица без никаква правна едукација, осудија илјадници државници, општествени лица, офицери, учители, лекари, трговци, интелектуалци и т.н.. Комунистичката диктатура којашто траеше до 1990 година, нанесе многу сериозни штети на бугарската држава и нација.

Таа „успеа“ во тоа што на непријателските држави и армии не им успеа во годините на војните од минатиот век!

И сѐ уште гледаме како во сегашноста на 21-от век на територијата на денешна Р. Бугарија којашто е полноправна членка на ЕУ и НАТО, монструозни монументи на окупаторската советска армија стојат како „плашило“ во најударните места во главниот град Софија, во Пловдив и во други градови.

Веќе подолго време има акции на граѓански здруженија и политички партии за остранувањето на овие монументи на окупаторот и поставување на национални бугарски паметници на нивните места. Се надевам дека во многу краток период од време, овие монументи ќе бидат преместени таму каде што им е местото и новите генерации Бугари нема да се должни да ги гледаат овие „плашила“ секој божји ден во нивните градови.

Поклон пред жртвите на црвениот болшевишки терор! Никогаш повеќе комунизам! Декомунизација сега и веднаш во Р. Бугарија и во Р. С. Македонија! Да живее слободна Македонија! Да живее слободна Бугарија!



Слични Објави