Загина 21-годишно момче, со камион паднало во Вардар

//

Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар.

Возилото е сопственост на фирма од Куманово.

Момчето од селото Сопот, Кавадаречко, вршело ископ во водите на Вардар, во атар на с.Црвени Брегови.



„При падот на возилото во реката, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино“, соопшти МВР.

Претходна статија

Ненадејно во Грција почина познатиот штипски гинеколог-специјалист, д-р Александар Стојанов

Следна статија

Во вторник стартува Илинденскиот марш, 20 коњаници од различни возрасти

Најново од Вести