Поради протест, утре ќе бидат затворени неколку улици во Скопје

//

Министерството за внатрешни работи известува дека на подрачјето на Скопје, утре, 23 јули, во временскиот период од 18.45 часот до 20.30 часот, поради протестен марш, ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.

Почетокот на протестот е најавен од 18.45 часот пред Министерство за надворешни работи, на улицата Филип Втори Македонски, па по улиците 11 Октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, потоа по булеварот ВМРО и булеварот Илинден (пред Владата на Република Северна Македонија) до завршување на протестот, најавено за 20.30 часот.



Од тие причини Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници на сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Претходна статија

Во вторник стартува Илинденскиот марш, 20 коњаници од различни возрасти

Следна статија

СДСМ: Немаме ништо против, локалните избори да се одржат на 17-ти октомври

Најново од Вести