Колев: Некој намерно бара конфликт со Бугарија, за да биде запрена РС Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ
„Некој намерно бара конфликт со Бугарија, за да биде запрена РС Македонија, на нејзиниот пат кон ЕУ“, изјави Петар Колев, лидер на партијата ГДУ во утринската програма на бугарската телевизија БТВ.
Според него тоа не се луѓе, кои се надвор од власта, туку политичари, кои работат за туѓи интереси.
Колев потсети и на изјавата на Владимир Путин дека словенската писменост доаѓала од македонската земја, која имала за цел да ја зголеми конфронтацијата меѓу Скопје и Софија.
„Меѓународниот притисок што се врши врз политичарите и парламентот во Северна Македонија е извонредно интензивен во последниот месец и половина, бидејќи предстои гласањето за вклучување на Бугарите во Уставот на РС Македонија“, подвлекува Колев.
„На сите веќе им е јасно дека РСМ нема како да го продолжи својот европски пат, додека не ги исполни своите обврски кон Европската комисија“, посочува Колев.
Според неговите зборови, чуден е фактот што една земја, која декларира добрососедски односи, не може да се справи со еден фудбалски натпревар.
„Си го поставувам прашањето, дали министерот за внатрешни работи не учествува во блокирањето на европскиот пат на РСМ“, вели Колев.
„Овие инциденти не се изолирани или битови, во секој еден од нив ќе ја видите долгата рака на длабоката држава“, подвлекува тој.
„Се работи за апсолутно осознаена политика со јасна цел. Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија нема откриено ниту едно кривично дело извршено врз бугарски државјанин“, посочува Колев.
Целиот разговор со Петар Колев во утринската програма на БТВ можете да го погледнете овде.

