Мицкоски ги повика сите членови на историската комисија да поднесат оставки

/

„Го прочитав соопштението и можам да кажам дека сум шокиран. Ако е вистина тоа дека некој помеѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја продава Македонија за да опстане политички, јас сум шокиран и повикувам веднаш, не само до тие политичари кои што вршат притисок туку и до останатите членови на Комисијата која што преговара, да ја следат постапката на професорот Ванчо Ѓорѓиев. Затоа што треба да се свесни дека слугувањето на тие коишто ја продаваат Македонија ќе биде запишано во историјата, ама на темната страна“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, прашан за оставката на историчарот од мешовитата комисија за историски прашања со Бугарија, кој во соопштение обвини за директно политичко мешање и загрозување на националните интереси и црвени линии.

„Ние имаме јасна декларација во парламентот. Очекувам да се држат до јасната декларација и очекувам личните и бизнис интереси да бидат оставени на страна. И апелирам до членовите на таканаречената историска комисија на трезвеност и на патриотско чувство, затоа што се ова чувствителни моменти и за македонскиот народ и за Македонија, и да внимаваат што преговараат и што потпишуваат. Оваа влада, која што не се штедеше да ја распродава Македонија и нејзиниот идентитет, се ближи кон својот крај. Немојте да бидете дел од тој крај, зашто што тој крај нема да биде убав“, порача Мицкоски.



Извор: Zoom.mk

Претходна статија

Проф. д-р Ангел Димитров: Колегите од РС Македонија дури не помислуваат за заедничка историја со Бугарија и за тоа што пишува во Договорот за добрососедство

Следна статија

СДСМ: Мицкоски призна дека оставката на Ванчо Ѓорѓиев е негово дело

Најново од Вести