СДСМ: Мицкоски призна дека оставката на Ванчо Ѓорѓиев е негово дело

/

„Дебакл на Мицкоски, не додржа и призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело.

Христијан Мицкоски денеска случајно или не призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев, е негово дело и по негова инструкција.

Со повикот до останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка, Мицкоски се обидува по којзнае кој пат да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши односите со Република Бугарија.



И Комисијата и владата ги демантираа лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата, но тоа не го спречува Мицкоски во неговите деструкции.

Одамна е прочитано ваквото неодговорно, антинародно и антидржавно однесување на Мицкоски, затоа повторно ќе биде казнет од граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Претходна статија

Мицкоски ги повика сите членови на историската комисија да поднесат оставки

Следна статија

Членовите од македонскиот дел од историската комисија: Немаме притисоци од МНР, Владата или политички партии

Најново од Вести