| |

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОВИКА НА ДОСТОИНСТВЕНА ПРОСЛАВА НА МЕЧКИН КАМЕН

„Ги повикувам сите граѓани да се приклучат на оваа прослава, заедно, достоинствено, онака како што и прилега на Македонија да го прославиме 2 Август-Илинден. Во Крушево има добра мирна, стабилна безбедносна состојба. Има подобрување во секој поглед, има намалување на криминалитетот, за 33 отсто се намалени прекршоците во однос на јавниот ред и мир, а повеќекратно е зголемена ефикасноста на работењето на полицијата. Во полициската станица во Крушево разговаравме и за подобрувањето на условите за работа како и за подготовките за претстојниот празник Илинден“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на полициската станица во Крушево.

Слични Објави