Во петок 100 илјади Фајзер вакцини од Ковакс механизмот

/

Министерот за здравство најави дека во петок во земјата се очекуваат да бидат испорачани 100.000 вакцини Фајзер преку Ковакс механизмот, а во текот на викендот треба да стигнат уште 500.000 дози Синовак.

Опозицијата ја критикува дека власта за спориот процес на вакцинацијата поради недостаток на вакцини.

„Македонија е земја со најголема смртност во светот, со човечки животи и погреби ја плаќаме неспособноста на овие некадарници, а сега вакцинацијата не може да продолжи, затоа што вакцини едноставно нема, обвини Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.

Власта се правда дека вакциналните пунктови продолжениот викенд не работеле поради празникот, а не дека во земјава нема вакцини.



Тие тврдат дека во моментот има 4000 вакцини за прва доза, а до крајот на денот се очекувале нови 11.000 Фајзер преку директниот договор со производителот. Според нив, неделава ќе има намален интензитет на имунизација, а масовно боцкање најавија за од идниот понеделник.

Досега комплетно вакцинирани во земјава се околу 200.000 лица, а термин за вакцина чекаат 180.000 пријавени граѓани.

Извор: Темите. мк

Претходна статија

Неделава нема закажување термини за лични документи

Следна статија

Ружин: Бајден им стави крај на националистичките соништа на Балканот

Најново од Вести