| |

Одбележуваме 70 години од смртта на Андон Лазов Јанев-Ќосето

На денешен ден пред 70 години умира Андон Лазов Јанев- Ќосето, легендарен комита и војвода на ВМОРО.

Андон Лазов Јанев е роден во 1855 г. во с. Голозинци, Велешко. По убиството на видниот Турчин Али Чауш во Велес, бега во Солун, каде се приклучува во ВМОРО. Добивал наредби директно од Даме Груев и својата нелегалност ја прикрива како пајтонџија на д-р Христо Татарчев. Властите го носат во Солун неговиот постар брат Никола, кој се ставил во нивна услуга. Самиот Ќосето предложил да биде убиен, што и се случило. Учествувал и во убиството на српскиот ренегат во Солун Пејчинович.

Во мај 1897 г. по наредба на Даме Груев, заедно со Ицо Џорлев и гевгелиските раководители, Андон учествува во убиството на доушникот на турската власт и водач на гркоманската партија во Гевгелија Влавот Христо Цицов. Убиството било извршено пред очите на кајмакамот во Гевгелија, по што е направена голема потера. По бегството, Андон се приклучува во четата на И. Крчовалијата и М. А. Попето во Кукушко. Со неколку соработници, фаќаат еден чорбаџиски син за кој добиваат 1000 лири откуп. Поради несогласувања со четата заминува за Бугарија, каде бил уапсен, но Гоце Делчев и А. Бузуков издејствувале негово ослободување.

Потоа бил војвода во Струмичко и Кукушко и учествува во аферата мис Стон. За време на Илинденското востание предводи чета заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов во Прилепско. Потоа оди во Велешко каде водат борба со 500 души турски аскер. Ноќта, со својата чета успеал да се пробие и во средината на декември 1903 г. стигнува во Ќустендил. По Востанието учествува во работата на Серската група, а во 1905 г. се повлекува. Во Балканските војни учествува во четата на Христо Чернопеев и во штабот на Кукушката дружина.

По војните живеел и работел како службеник во Горна Џумаја. Во 1951 г. тој и други видни стари револуционери објавуват специјална декларација против југоловенските претензии врз Пиринска Македонија. Умира на 10 септември 1953 откако во несреќен случај е потиснат од паднати камења на ограда и една недела лежи во гипсово корито.

За него последниот лидер на ВМРО Иван Михајлов ќе напише:

„Андонъ Кьосето, записанъ въ споменитѣ на мнозина македонски войводи. Неустрашимо проявенъ като нелегаленъ въ различни околии преди Балканската война. Поради напреднала възрасть не поемаше отговорни служби, но винаги бѣ съ народното дѣло, неизменно правдолюбивъ, врагъ на егоиститѣ и македонофобитѣ. Служеше за примеръ на по-младитѣ.“

“И при разделбата за збогум Гоце Делчев кажа: “Другари, јас сега заминувам за Бугарија, ќе добијам од нашите другари пари и знајте, дека тие пари ќе отидат токму за делото, за македонското дело и ќе ја продолжам со сите сили и средства (борбата) со тие гадови, не со гадови, а како со луѓе. Ако не се обединиме, знајте, Македонија е разкината, ќе стане војна, дали таа војна ќе ја добиеме или не, ќе се предизвика поголема војна, ќе стани европско вмешување, ќе пострада Бугарија”. И Делчев тргна кон границата.

А пред тоа, тој кажа уште: “Бидете смели, имајте средби и со други. Сето зло е од Фердинанд. Ако јас умрам вие просто да не ја превртите палатата на Фердинанд наопаку. Целата ролја ја игра тој….Ние не можеме да извојуваме полна слобода, затоа ние ќе бараме автономија. Целта на Централната организација беше тајна, еден ден само по себе си, после 10 или 15 години, без да се сомневат Србија и Грција, Македонија ќе се обедини со Бугарија…”

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НИКОЈ ПАТ НЕ ИЗРЕКОЛ ГРУБ ЗБОР, 1931 г.



Слични Објави