Бугарската претседателка Јотова ќе одликува бугарски офицери со Почесниот знак на претседателот
На 13 октомври, вторник, во 12 часот, во Грбовната сала на „Дондуков“ 2, претседателката Илијана Јотова ќе им го додели Почесниот знак на претседателот на офицери од Военото воздухопловство на Република Бугарија, соопштија од прес-службата на шефицата на државата.
За покажан висок професионализам и значаен придонес во справувањето со критични ситуации поврзани со пожари, претседателката Јотова ќе го одликува мајорот Марин Тасков.
Потполковникот Димитар Метаксов ќе го добие Почесниот знак на претседателот за високиот професионализам и значајниот придонес во гарантирањето на суверенитетот на воздушниот простор и националната безбедност.
Пензионираниот потполковник Методи Николов ќе го добие истото одликување за значајниот придонес во развојот на Военото воздухопловство на Република Бугарија и во подигнувањето на неговиот углед.

