Во Кумановско приведен српски државјанин под сомнеж за криумчарње мигранти

/

Во близина на кумановското село Речица откриен е граѓанин на Република Србија како превезува мигранти од Сирија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, М.Ж.(24) од Србија денеска околу 15:45 часот е лишено од слобода откако било откриено дека со возило „Сааб” што го управувал, превезувал седум лица мигранти од Сирија.

Претходно, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се дал во бегство, но бил стигнат, по што заедно со мигрантите излегле од возилото и се обиделе да побегнат, но биле фатени и приведени во полициска станица.



– Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против М.Ж. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од Министерството.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

МНР на Бугарија: Го осудуваме јавното сквернавење на бугарската химна на натпреварот меѓу РС Македонија и Бугарија

Следна статија

Столтенберг: Референдумите во Украина немаат легитимитет

Најново од Вести