Во Македонија 72 нови случаи на коронавирус, нема починати
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 72 нови случаи на коронавирус, нема починати, соопшти Министерството за здравство.
Направени е 5.759 тестирања, а најголем број нови слуачи се регистрирани во Скопје – 20, Куманово – 14 и Тетово – 10.
Во Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово – по 1
Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово и Штип – по 2, Струмица и Кочани – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19.

