Во Микрево, општина Струмјани во Бугарија се одржа 18-от Меѓународен фолклорен фестивал „Малешево пее и танцува“
На 6, 7 и 8 октоври во селото Микрево, општина Струмјани во Бугарија се одржа 18-от Меѓународен фолклорен фестивал „Малешево пее и танцува“. Фестивалот се одржува под покровителството на Министерството за култура на Бугарија и претседателот од организацискиот одбор Емил Илиев.
Годинава на фестивалот се претставија десетици фолклорни состави, пејачи, музичари и играорци од Бугарија, а имаше гости и од Република Северна Македонија (културно уметнички друштва од Скопје, Крива Паланка, Берово, Струмица и Кочани), Србија, Хрватска и Молдавија.
Галерија со фотографии од фестивалот можете да погледнете на следниот линк.