| |

Габриел: Изборот на Бугарија за членка на Советот за човекови права е признание за нејзината активна политика на полето на човековите права

„Им благодарам на сите што ја поддржаа кандидатурата на Бугарија. Изборот на нашата земја за членка на Советот за човекови права е признание за нејзината активна политика на полето на човековите права“, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел, јавува БГНЕС.

„Посветени на придонес“ – ова е мотото на Бугарија, која ќе работи врз четири водечки национални определби: поддршка на мерки и политики насочени кон борба против сите форми на дискриминација и нетолеранција, расизам, антисемитизам и говор на омраза, промовирање на вклучување на повеќе жени и девојки на сите нивоа и во сите сфери на политичкиот и јавниот живот, заштита на правата на детето, вклучително и правото на универзален пристап до образование за секое дете, борба против дезинформациите, промовирање на слободата на медиумите и заштита на новинарите .

Советот за човекови права (СЧП) е меѓувладино тело одговорно за заштита на човековите права ширум светот. Се состои од 47 земји-членки на ОН, кои се избираат од Генералното собрание на ОН.

Слични Објави