|

Во Прилеп изложба на дела од Струмичка ликовна колонија

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепеников“ во Прилеп, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата на дела создадени во рамките на меѓународната Струмичка ликовна колонија …

Пред прилепската јавност, ќе бидат изложени ликовните дела кои беа изработени во текот на 54-тото издание на оваа ликовна манифестација која има долга традиција.
На изложбата ќе бидат претставени 19 автори од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Полска, Чешка, Турција кои изработија 39 дела во различни техники и тоа: графики, скулптури и мозаици. Во рамките на Колонијата, веќе 25 години работи и функционира и работилница за мозаик, а досега се создадени 70 мозаици.

На Струмичката ликовна колонија во текот на петте децении постоење учествувале голем број на реномирани домашни и странски уметници, а една од нејзините каректеристики е слободниот ликовен израз, односно уметниците немаат тематско ограничување и можат да творат во различни техники. Струмичката ликовна колонија традиционално секоја година се одржува во првата половина на август и на неа учествуваат по 20-тина уметници.

Слични Објави