КАФЕМАТИТЕ И АПАРАТИТЕ ЗА ВОДА ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАРАЗА, КАФЕАНИТЕ ВО РУРАНИТЕ СРЕДИНИ НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ

/

Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што ги спровеле шесте инспекциски служби во државава од 2 до 5 април годинава, вршејќи контрола на почитување на владините препораки за заштита од ширењето на вирусот Ковид -19, пренесува Канал 5.

-Иако општата констатација е дека поголемиот дел од субјектите ги почитуваат владините мерки за превенција од ширење на коронавирусот, за жал еден дел од угостителските посебно во руралните средини продолжуваат да ги прекршуваат мерките на Владата. Во таа насока и најголемиот дел од 3.232 контроли на Државниот пазарен инспекторат се однесуваат на работењето на угостителските објекти, а 423 се за замрзнати цени на производи. Притоа се затворени 48 угостителски објекти во повеќе градови и населени места низ државата. При визуелните контроли низ државата е констатирано дека поголемиот дел од угостителолите ги почитуваат мерките, информира денеска на редовната прес-конференција Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекцискиот совет.

Како што дополни, забранети се за употреба 215 кафемати на бензинските пумпи и на други локации.



-Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не ги користат кафематите и апаратите за вода бидејќи тие можат да бидат потенцијален преносител на вирусот Ковид -19, рече Филиповска Грашкоска.

Претходна статија

ЦРН ДЕН ЗА ФРАНЦИЈА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ РЕГИСТРИРАНИ 833 СМРТНИ СЛУЧАИ ОД КОВИД-19

Следна статија

СТУДЕНТИТЕ ИМААТ ЧЕТИРИ ДЕНА ДА ГИ ПОДИГНАТ ЛИЧНИТЕ РАБОТИ

Најново од Вести