|

ЦРН ДЕН ЗА ФРАНЦИЈА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ РЕГИСТРИРАНИ 833 СМРТНИ СЛУЧАИ ОД КОВИД-19

Црн ден за Франција за едно деноноќие регистрирани 833 смртни случаи од ковид-19, со што бројот на починати од почетокот на епидемијата до сега е околу 9 000, пренесува Канал 5.

Информациите ги даде министерот за здравство, Оливие Веран, кој прецизира дека во Франција има 29.752 хоспитализирани лица од кои 7.072 се во сериозна состојба на интензивна нега.

Меѓу добрите вести е таа дека 17.250 лица ја напуштиле болницата излекувани, што од вчера претставува зголемување од речиси 1.000 пациенти. Но, сепак, во болниците постои напнатост.

Министерот за здравство предупреди дека епидемијата се уште е во нагорна линија и дека мерките на ограничено движење треба да продолжат и понатаму.

Слични Објави