СТУДЕНТИТЕ ИМААТ ЧЕТИРИ ДЕНА ДА ГИ ПОДИГНАТ ЛИЧНИТЕ РАБОТИ

/

Почнувајќи од денес, студентите ќе имаат четири дена да ги посетат студентските домови со цел да ги подигнат своите лични работи. Ова денеска го информираше директорот на Државниот студентски дом – Скопје, Дарио Николовски, пренесува Фокус.

Поради мерките за ограничено движење, посетите ќе се одвиваат во вторник од 12 до 16 часот, а од среда до петок во период од 9 часот изутрина до 13 часот.

„Оваа одлука се носи поради бројните барања на студентите и нивните потреби. Напоменуваме дека при посетата на домовите потребно е да се почитуваат препораките односно да се носат маска и ракавици додека при посетата на домовите студентите ќе бидат пуштани во ограничен број, по двајца, по што ќе следува целосна дезинфекција на објектите“ соопшти Николовски.



Претходна статија

КАФЕМАТИТЕ И АПАРАТИТЕ ЗА ВОДА ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАРАЗА, КАФЕАНИТЕ ВО РУРАНИТЕ СРЕДИНИ НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ

Следна статија

СЗО: ВО СВЕТОТ НЕДОСТАСУВААТ ШЕСТ МИЛИОНИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Најново од Вести