Во Прилеп ќе се одржи најновото издание на најактуелниот Детски Музички Фестивал „ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА by JANA”-Прилеп 2021

На 19 Септември (недела) во Прилеп со почеток во 17:30 часот на камената бина во центарот на Прилеп ќе се одржи најновото издание од нај-актуелниот Детски Музички Фестивал “ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА by JANA”-Прилеп 2021, со запазување на сите пропишани здравствени протоколи.

 Станува збор за моментално најактуелниот Детски музички фестивал “ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА by JANA” кој што веќе неколку години по ред се одржуваше во Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп, меѓутоа оваа година врз основа на пандемијата со која се соочуваме, најновото спектакуларно фестивалско издание ќе биде одржано на отворено на КАМЕНАТА БИНА во центарот на Прилеп –ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН, А ЗА СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ НА ФЕСТИВАЛОТ СЛЕДУВА ПОДАРОК ОД “LADNA ВОДА”. 

Инаку на овој фестивал, сите години наназад освен прилепските детски музички ѕвезди настапуваат и деца од повеќе градови од нашата земја како што се децата од Скопје, Крушево, Радовиш… Како резултат на тоа што овој Прилепски детски музички фестивал моментално е најактуелен на детското  музичко ѕвездено небо, овој фестивал заслужено оваа година се најде на овогодинешната програмата во детскиот блок и на Манифестацијата “Десет дена Крушевска Република” во Крушево каде настапија детските музички ѕзвезди од последните две фестивалски изданија на летната сцена во Крушево.
Оваа покана за учество на детскиот музички фестивал “ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА by JANA”на Манифестацијата “Десет дена Крушевска Република” во Крушево, беше како резултат на тоа што станува збор за детски музички фестивал кој што врз основа на својот квалитет, уникатност и квалитет на песните, моментално е број 1 во нашата земја, посебно кај најмладата публика, бидејќи мометално кај младите и децата е тренд да се пее на овој фестивал.

Песните од фестивалот постојано-секојдневно се пуштаат на 7-8 локални телевизии-посебно во утринските детски ТВ блокови, а целосната снимка од фестивалот секоја година се емитува на Национална Телевизија. Новина е тоа што оваа година на фестивалот има детски и тинејџерски музички блок, и истиот е поддржан со официјална видео поддршка од голем број на музички ѕвезди од народната и забавната музичка сцена како што се: Јоце Панов, Миле Кузмановски и многу други.

Како резултат на големиот интерес за учество на фестивалот, уште пред два месеци организаторите на фестивалот не известија дека сите места за учество на овогодинешниот фестивал се пополнети и зафатени, меѓутоа од 14 Септември сите заинтересирани ќе можат да се пријават за учество на следното спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи наредната година, исто така во Прилеп на тел. број 078/66-77-97.
Инаку годинава Детскиот Музички Фестивал “ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА by JANA”-Прилеп 2021, ќе понуди вкупно 17 ново компонирани детски и тинејџерски музички хитови, каде исто како и лани, и оваа година како автор на дел од музичките композиции се јавува и Јана Илиеска, која воедно е и Главен креатор на овој детски музички фестивал.

Фестивалот и годинава е поддржан од повеќе институции и компании, а главен медиумски покровител на фестивалот е “STANICA.MK”.



Претходна статија

(Видео) Бисера и Лидија: Љубовта кон изворната музика и фолклорот се воспитува од родителите

Следна статија

(Видео) Brass Brothers направија „земјотрес“ со нивниот нов сингл Balkan Mayhem

Најново од Магазин