| |

Во романскиот град Трговиште има музеј на бугарската заедница

Во романскиот град Трговиште има посебен музеј на бугарската заедница. Основан е во 2014 година и се наоѓа во квартот на етничките Бугари „Матеј војвода“, во зградата на Здружението „Заедно“ на Бугарите во Трговиште и ги чува спомените за првите 57 бугарски фамилии кои се населиле во областа Дамбовица пред 171 година.

Во музејот може да се видат стари документи, предмети за домаќинството и народни носии. Кошула стара 100 години со извезени рози, фотографија од првата бензинска станица во бугарското маало од 1930 година, коњски појас од 1910 година, седло од 1935 година се само дел од експонатите. Список на општината дава информација колку Романци со бугарски корени имало во 1940 година и каква била нивната брачна и имотна состојба.

„Кога се населиле во областа, Бугарите станале познати по одгледувањето зеленчук и традиционалната бугарска баница, која за разлика од романската е солена“, велат за БТА креаторите на музејот кој ги отвора вратите на симболичен датум – 30 ноември, кога се одбележува Денот на Бугарите во Трговиште.

Според најновите податоци на Националниот статистички институт во Романија, доставени до БТА, во Романија има 5975 етнички Бугари. Во Трговиште се околу 700.



Слични Објави