ВО РУСИЈА НАД 87.000 ЗАРАЗЕНИ, ВРВОТ НА ЕПИДЕМИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ЗА ТРИ НЕДЕЛИ

/

Русија го очекува врвот на епидемијата на коронавирусот за три недели, изјави денеска во интервју портпаролот на претседателот Владимир Путин.

„До средината на мај веќе треба да стигнеме до врвот. По тоа, во текот на првиот летен месец (јуни) би требало да биде подобро“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за весникот „Аргументи и факти“.

Во Русија заразени се повеќе од 87.000 лица. Бидејќи минативе недели беше забележанo експоненцијално зголемување на бројот на заразени, руските власти воведоа строги мерки за карантин во земјата.

Руската војска пријави речиси 900 случаи на коронавирус во своите редови, објавија државните медиуми во неделата, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Само четворица се во критична состојба, се вели во извештајот.



Додека бројот на заразени во Русија е еден од највисоките во светот, има релативно малку смртни случаи. Според официјалните статистики, до денеска се регистрирани 800.

Во земјата се направени повеќе од 3 милиони теста.

Извор: Макфакс

Претходна статија

КОЛЕВ СО ГНЕВНА РЕАКЦИЈА ЗАРАДИ НЕИСПЛАТЕНИТЕ ПЛАТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

Следна статија

ЧУЛЕВ ЗА 1 МАЈ: НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРОДОЛЖЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи