ВО САД ДОЗВОЛЕНА ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР ЗА ДЕЦА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ

/

Соединетите држави ја одобрија вакцината на Фајзер-Бионтек против ковид-19 за деца постари од 12 години, соопшти Управата за храна и лекови на САД (ФДА).

„Ова е важен чекор во борбата против пандемијата, бидејќи овозможува помладата популација да биде заштитена од ковид-19“, изјави Џенет Вудкок, вршител на должноста шеф на ФДА.



Советникот на Белата куќа, имунологот Ентони Фаучи, на крајот на февруари објави дека децата во САД на возраст под 12 години најверојатно ќе бидат вакцинирани против коронавирусот во почетокот на 2022 година. Досега вакцината беше дозволена за лица над 16 години.

Претходна статија

ВО ДВОРНИ МЕСТА ОД НАПУШТЕНИ И РУИНИРАНИ КУЌИ – ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ 120 НАСАДИ КАНАБИС ВО ДЕМИРХИСАРСКО БОИШТЕ

Следна статија

БОРИСОВ: ПРЕТСТОЈАТ ДВА МНОГУ ТЕШКИ МЕСЕЦИ ПРОТИВ ПАРИТЕ НА ОЛИГАРХИЈАТА

Најново од Вести