| |

Во Самоков е откриен споменик на првиот бугарски фотограф Анастас Карастојанов

Во Самоков викендов се случи официјалното отворање на Споменикот на пионерот на бугарската фотографија – Анастас Карастојанов. Споменикот се наоѓа во историскиот дел на градот во близина на познатата Чорбаџиска пекара.

Автор на скулптурата е Маргарита Иванова.

„Направив прв проект на статуетката за Националниот натпревар за црно-бела фотографија. Се покажа интереснa и беше наградена на овој фото конкурс во Самоков“, сподели Маргарита Иванова во интервју за БНР.

Карастојанов е роден во 1822 година во Самоков.

„За мене беше предизвик да ја направам фигурата од два метри. Карастојанов е првиот што ги фотографирал Васил Левски, Кирил Воjвода, Стефан Караџа, Ангел К’нчев и други. Ова треба да остане во историјата и во нашата меморија. Затоа на споменикот поставив фотографии од овие личности“, изјави авторката на споменикот.

Иванова контактирала со внуката на првиот бугарски фотограф, која исто така е фотограф и од неа добила материјали.

„Се обидов во целата скулпторска композиција да го вклучам не само Карастојанов покрај камерата, туку и некои од неговите фотографии во вид на релјефи. Неговите фотографии сме ги виделе во историските книги, но не знаеме кој е фотографот. Откако се запознав со неговата биографија, разбрав дека бил извонреден човек“, додава Иванова.

За поддршката во реализацијата на проектот таа се заблагодари на архитект Мими Герасимова, Калинка Даракчиева, на градоначалникот на Самоков до 2023 г. Владимир Георгиев, на директорот на музејот Веско Хаџиангелов и на актуелниот градоначалник Ангел Џоргов, „кој не го прекинал, туку го продолжил проектот“.



Слични Објави