|

Градоначалникот на Мариупол: Ја уништија железницата, не можеме да ги евакуираме жените и децата

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, вели дека руската армија го блокирала снабдувањето со струја, вода и дека греењето е прекинато. Тој вели дека во градот има хуманитарна катастрофа поради интензивните бомбардирања.

„Ја оштетија и пругата. Уништуваа мостови и кршеа возови за да не можеме да ги евакуираме жените, децата и постарите лица од Мариупол. Русија го запира снабдувањето со храна, нѐ блокира како во поранешен Ленинград, намерно уништувајќи ја критичната инфраструктура за живот во градот седум дена“, рече градоначалникот.



Слични Објави