ВО СКОПЈЕ ФАТЕН ПИЈАН ВОЗАЧ СО 2,33 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА (ФОТО)
Полицијата не само што почна сериозно да ги „лови“ прекршителите на сообрќајните прописи туку почна и да објавува колку несовесни возачи имаме во автомобилите. Во последната акција спроведена во Скопје, каде патем секојдневно има засилени контроли, сега дури 18-мина биле санкционирани за возење под дејство на алкохол.
Меѓу тие што биле санкционирани, двајца имале навистина високо и многу сериозно ниво на алкохол. Едниот има 2,33 промили во крвта, а другиот 1,93 промили.
Само на територијата на град Скопјеизречени се вкупно 326 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, а 24 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 67 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот