| |

Во Скопје се одржа демонстрација против агресијата на Владимир Путин во Украина

Голем број Македонци, Украинци, Албанци, Бугари и др, вчера ја дадоа својата поддршка за Украина и украинскиот народ. На плоштадот „Македонија“ се одржа мировен протест против агресијата на Путин.

Протестот беше организиран од Амбасадата на Украина и „Здружението на Украинци“ во Северна Македонија.

„Украинците се мирољубив народ, добар народ. Украинците не сакаат војна. Денес сме тука собрани да испратиме поддршка за украинскиот народ, да им кажеме дека не се оставени сами. Денес во Украина страдаат нашите роднини, нашите најблиски. Сакаме земјата да биде слободна и да има мир“, изјави претседателот на „Здружението на Украинци“ Александар Урбанович.

На протестот беше присутна и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.

Протестот беше поддржан и од дел од бугарските здруженија во Северна Македонија.

Слични Објави