Во Софија го отвораат првиот планетариум

/

Пред Регионалниот центар за современи уметности „Топлоцентрала“ во Софија, денеска со официјална свеченост ќе биде отворен првиот планетариум во главниот град. Дијаметарот на куполата е 5 метри, висината е 4,6 метри и има капацитет од 15 луѓе. Планетариумот ќе ги пречека првите посетители на 26-ти ноември, јавува BNR.bg.

Воздухопловните инженери Недислав Веселинов и Јанислав Мирков ја креирале структурата на објектот. Дипломирале на отсекот „Изградба на авиони“ на Московскиот авијациски институт.

Во планетариумот ќе бидат прикажани популарни научни филмови за Вселената, океаните и Земјата. За најмладите се предвидени цртани филмови со истата тематика.

Досега Софија беше единствената европска престолнина без планетариум.





Претходна статија

Витоша е меѓу најскапите трговски улици во Европа

Следна статија

Претставници од приватните превозници пристигнаа на средба во Советот на Град Скопје

Најново од Вести