ВО СТРУГА ПОЧНА ПРОТЕСТОТ ЗА РАСВЕТЛУВАЊЕ НА УБИСТВОТО НА ДЕТЕТО ОД ВЕЛЕШТА
Пред полициската станица во Струга, како и пред локалниот Основен суд 50 лица започнаа протест со кој се бара институциите да го расветлат увбиството на 9 годишниот Али Речи од струшкото село Велешта, што се случи на 13 ноември 2001 година.
Семејството и по 18 години трага по одговорот – кој го сторил убиството, откако обдукцијата утврди дека станува збор за смрт по насилен пат.
Надлежните институции, ЈО и МВР велат дека работат на расветлување на случајот иако од трагедијата поминаа скоро две децении, а сѐ уште нема ниту едно осомничено лице.
Кобниот 13 ноември, деветгодишниот Али заминал од училиштето во 16 часот по завршување на часовите. Но, не се вратил дома. Цела ноќ го барале, но залудно. Детето било пронајдено мртво следното утро во блиската река со траги на насилство на главата.
Извор: АлсатМ
