Во тек е барањето акредитации за набљудувачи на локалните избори
Според Роковникот за локалните избори 2025, во тек е процесот на барање акредитации за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. Досега, за набљудување е акредитиран само Младински културен центар Битола.
Рокот за поднесување барања започна со распишувањето на изборите и трае до 8 октомври во 24:00 часот. Барања за набљудување на изборите може да достават сите домашни здруженија и странски организации… меѓународни организации и претставници на странски земји вклучително и претставници на медиуми.
Домашните здруженија и странски организации покрај барањето доставуваат копија од статут, регистрација, список на набљудувачи и копии од лични документи. Меѓународните организации и странските претставници доставуваат список и идентификациски документи, додека странските медиуми поднесуваат посебен формулар за акредитација со список на новинари, сниматели и фоторепортери. Претставниците на македонските медиуми не подлежат на акредитација.
Барањата се испраќаат на [email protected], а Државната изборна комисија најави дека ќе издава овластувања „најдоцна 7 дена по приемот на барањето“ за сите кои ги исполнуваат условите.
