ВО ТЕТОВО УНИШТЕНА КЛУПА ДАДЕНА КАКО ДОНАЦИЈА
Една од клупите во централното градско подрачје кои Тетово ги доби минатата година како донација е целосно демолирана.
Ова не е прв случај на вандализирање на донираните клупи. Во текот на изминатата година неколку од клупите на најразличен начин исто така биле искршени.
Коментар за настанот имаше и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
„Вандализмот е очигледно штетен и скап, но од друга страна, исто така, служи како грд пример на социјално однесување, за тоа како не треба се однесуваме. Она што е оштетено од несовесни и социјално неосвестени граѓани ќе биде обновено, а овие слики ќе ги оставиме да сведочат и да бидат пример за тоа како не треба да се однесуваме со нешто што е изградено за наше добро“, напиша градоначалничката Теута Арифи на профилот на социјалната мрежа Фејсбук.
