|

ФИЛИПЧЕ КОНТРА РЕЏЕПИ: КОРОНАВИРУСОТ НИТУ Е МРТОВ НИТУ Е ЗАМИНАТ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот профил на „Фејсбук“ го демантираше Реисот Сулејман Реџепи дека вирусот бил мртов.

„Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат. Тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат. Многу пати повторив, но еве уште еднаш ќе кажам. Здравствените работници не можат сами. Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект. Почитувањето на мерките и ефектите од нив зависат само од нас како граѓани. Едноставно мора да се прифати новиот начин на живот, мора нашето секојдневие да го прилагодиме почитувајќи ги препораките.“, напиша министерот Филипче.



Слични Објави