ИЗБЕГАЛЕ ОД СТРУШКИОТ ЗАТВОР И ГИ ФАТИЛЕ ЗА САМО 13 МИНУТИ
МВР јавува дека двајца затвореници од затворот во Струга избегале синоќа околу еден часот, но веднаш по пријавата тие биле пронајдени од полицијата и приведени.
Приведувањето е извршено само 13 минути, откако во 1.07 часот во Полициската станица во Струга, од затворот во Струга е добиено телефонско известување дека двете лица избегале од казнено поправната установа каде издржувале затворска казна.
„Денеска во 1.20 часот, во атарот на струшката населба Теферич, пронајдени и приведени се Б.С.(34) и С.К.(32), двајцата од Струга“, информираат од МВР.
