Во Турција се набљудува зголемен интерес за бугарската литература
Преведувачката на бугарска литература во Турција Хасине Шен Карадениз оцени дека земјата влегува во нова фаза на зголемен интерес за бугарската книжевност, при што клучна улога има афирмацијата на светски познатиот бугарски автор Георги Господинов меѓу турските читатели.
Таа во интервју за БТА, истакна дека книжевниот превод претставува „мост меѓу две литератури и две култури, на кои им припаѓа“.
Според неа, интересот за бугарската литература во Турција постои уште од 30-тите години на минатиот век, но денес се забележува „зголемување без преседан“, со поголема иницијатива од издавачите кои активно бараат нови автори и дела. Како главен катализатор го посочува успехот на Господинов, особено по објавувањето на „Засолниште во времето“ и добивањето на Меѓународната награда „Букер“.
„Во моментов може да се зборува за нова динамика во книжевната размена меѓу двете култури“, вели Карадениз, додавајќи дека има повеќе тековни преведувачки проекти од кога било досега.
Таа нагласува дека преводот не е само техничко пренесување на текст, туку сложен процес што бара „почит кон авторот, читателот и јазикот, како и ангажман кон културниот дијалог“
