|

Во Варна се отвора средновековниот фестивал – „Витези во музејот“

На овој начин нашата поморска престолнина одбележува 580 години од битката кај Варна во 1444 година, предводена од полскиот крал Владислав III Варненчик.

Секој посетител ќе може да види како жителите на средновековниот витешки логор го поминувале своето време пред битката, како се одвивале нивните тренинзи, турнири и игри.

Ќе има интерактивни демонстрации и натпревари со награди. Ќе гостуваат полски реконструктори од „Репрезентативната витешка група на Вармија и Мазурија – „Северна легенда“ и од Бугарското здружение за историски реконструкции „Чигот“. Фестивалот што заеднички го организираат Амбасадата на Република Полска, Полскиот институт и општина Варна ќе трае до 5 октомври.

Фото: БГНЕС



Слични Објави