ВОЕНИОТ КОМАНДАНТ НА НАТО ВО ЕВРОПА СКАПАРОТИ ГИ ПОФАЛИ АРМИСКИТЕ „ВОЛЦИ“
Командантот на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти заедно со делегација од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Македонија, предводена од министерката Радмила Шекеринска, во касарната „Илинден“ проследи показна вежба изведена од припадниците на Полкот за специјални операции во АРМ. Генералот Скапароти, пред министерката Шеќеринска, ги пофали трупите за покажаната дисциплина и подготвеност. Скапароти нагласи дека Алијансата оценува високо придонесот на Скопје во операциите на НАТО во Авганистан. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, изрази уверување дека Македонија е сигурен партнер и сојузник, и изрази задоволство, што на дел од македонскиот контингент му е доверена заштитата на командата на мисијата во Кабул.

