Военовоздушните сили на Бугарија се подготвени за мисии за гаснење пожари од воздух
Военовоздушните сили се подготвени за мисии за гаснење пожари од воздух, изјави пред новинарите министерот за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов по неговата посета на авиобазата Крумово, јавува БТА.
Стојанов објасни дека бугарската војска располага со четири хеликоптери „Кугар“, два авиони МиГ-17, а оваа година во борбите со пожарите ќе учествува и еден авион „Спартан“.
„Состојбата е поразлична во споредба со онаа од пред една година. Имаме повеќе авијациска техника, доволно екипажи кои ќе управуваат со неа. Така што се надеваме дека ќе ја исполниме нашата мисија така како што треба“, рече Стојанов. Тој додаде дека се надева оти оваа година ќе биде помирна, дека нема да има големи пожари кои би наложиле помош од други држави.
Министерот информираше дека оваа година првпат ќе се користи системот „Гардијан“.

