| |

Воjската активно учествува во гаснењето на големите пожари во Бугарија

Бугарската армија е ангажирана во гаснењето на големите пожари што беснеат во областите Благоевград и Хасково. Во акцијата се вклучени хеликоптер „Кугар“ со екипаж од 24-та авијациска база – Крумово, како и 45 војници со осум специјализирани возила од копнените трупи.

Во областа Благоевград, кај селата Плоски и Илинденци, Општина Струмјани, 23 припадници на 3-тиот механизиран баталјон од 3-то бригадно командување под раководство на потпоручник Јордан Стојчев се вклучени во гаснењето на големиот шумски пожар. Во воздушната операција покрај хеликоптерот „Кугар“ учествуваат и три странски хеликоптери.

Во областа Хасково, во реонот на селото Срем, Општина Тополовград, 22 војници со шест единици специјализирана техника од 31-от механизиран баталјон на 2-та Тунџанска механизирана бригада дејствуваат под раководство на мајор Георги Пасков.



Слични Објави