| |

Н. СЕЛМАНИ: НОВАТА ВЛАСТ ГИ КОРИСТИ ИСТИТЕ МЕТОДИ КОН МЕДИУМИТЕ КАКО ПРЕДХОДНАТА

Главниот и одговорен уредник на Слободен печат и на Плус инфо Бранко Геровски се приклучи на кампањата што некои националните телевизии ја водат против ЗНМ поради нашето противење на измените на Изборниот законик, со кои на партиите им се обезедуваат јавни пари од буџетот да водат политичка пропаганда во медиумите за време на изборни кампањи.
Се потврди тезата дека заробената држава не изчезна со проемната на власта. Новата власт ги користи истите методи и практики во однос на медиумите. Преку пари на граѓаните сака да ги корумпира и контролира медиумите. На режимот на Груевски осум години не му успеа да ја легализира политилчката пропаганда во медиумите платена со јавни пари, спакувано во рувото на владини реклами, а владата на СДСМ тоа го направи за многу пократко време, зад грбот на граѓаните крајно злоупотребувајќи го претстојниот референдум за името.
Јас потполно можам да го разберам Геровски зошто тој не може да го разбере ЗНМ што сме против трошење јавни пари за политичка поропаганда во медиумите за време на изборна кампања. Геровски има конфликт на интереси со прашањето јавни пари во медиумите затоа што весникот каде тој е главен и одговорен уредник пред извесно време oд Фондот за иновации доби над 150 илјади евра за печатница, под превезот за некаква иновативност. Да зборите за иновативност за купување печатница во ерата на дигитализација е своевиден апсурд. Башка што таквата практика на новата власт кон Слободен печат ги дискриминира останатите печатени медиуми во Македонија.
На Геровски не му било јасно зошто ЗНМ било толку против трошењето на јавните пари за политичка пропаганда на партиите во медиумите. Одговорот е едноставен затоа што практиката на режимот на Груевски покажа дека владините реклами имаа директно влијание врз уредувачката политика и инструментализација на најголем дел од националните приватни телевизии. Режимот на Груевски годишно трошеше по седум милиони евра за владини кампањи во стилот ОСМЕЛИ СЕ!
Овие пари Груевски ги истураше во медиумите заради две причини. Првата е да обезбеди токму безплатно политичко рекламирање за време на изборна кампања во највлијателните медиуми. Во последните три изборни циклуси самата ВМРО-ДОПМНЕ во извештајот до ДИК наведуваше дека голем дел од медиумите беа донатори на партијата. Тогаш кога таквата практика беше пробиена, режимот користеше друга поперфидна тактика. Медиумите што ги добиваа владините реклами пред избори даваа дисконт на цените на рекламите од 99 посто за ВМРО-ДОПМНЕ, додека тој останат еден посто одеше како донација.
Втората цел на Груевски беше да ги прави зависни финанси најголем дел од медиумите и со тоа да ја контролира уредувачката политика. Медиумите станаа пропаганда машинерија за оддржување на власт и за прсметка со политичлките противници. Седумтте милиони евра за владини реклами во вкупниот медиумски пазар од 20 милиони евра, учествуваа со над 40 посто. Ако ова не е влијание и упад на пазарот, не знам што е тогаш влијание.
Тоа што Груевски индиректно плаќаше политилчка пропаганда во медиумите со јавни пари, СДСМ сега тоа го прави отворено. Ако ваквата практика продолжи и после референдумот, ќе ги има истите ефекти врз слободата на медиумите што ги предизивикаа владините кампањи на Груевски.
Геровски не знае како ЗНМ градела ставови! Ставовите ЗНМ ги гради на Собрание, на кои се бира претседател, Управен одбор, Надзорен одбор и Совет на чест. На двете изборни собранија, но и на годишните, колегите едногласно ги усвојуваа годишните извештаи за работата на ЗНМ и програмата за работа за идната година.
Ние ставовите не ги менуваме со промената на власта. За нас корупцијата е корупција без разлика кој ја практикува. Геровски со неиздржани ставови сака да не убеди дека ВМРО-ДПМНЕ корумипраше режимски, додека СДСМ демократски.
Ставот против владините реклами, односно јавните пари за политилка пропаганда изграден во Собрание на ЗНМ може да го промени само Собранието. Оние што посакуваат јавни пари за политичка пропаганда на партиите во медиумите за време на изборна кампања јавно ги повикувам да дојдат на следното Собрание на ЗНМ, кое треба да се одржи во почетокот на декември годинава и нека се обидат да ги убедат моите колеги дека е добро да се трошат јавни пари за политилка пропаганда на партиите во медиумите и дека тие нема да имаат негативно влијание врз слободата на медиумите.
Геровски во немање аргументи за спорење на ставовите на ЗНМ се користи со спинови обидувајќи да ги манипулира новинарите и граѓаните дека ние сме биле против политичко рекламирање во медиуми. ЗНМ не е против политичкото рекламирање во медиуми за изборна кампања, туку е против тоа овие кампањи да се платат со јавни пари. Ако партиите имаат пари од членарина и донации во медиумите нека се рекламираат 24 часа.
Вториот спин на Геровски е дека и други држави во Европа трошеле јавни пари во медиумите, што е точно, меѓутоа спинот е во тоа што тој не кажува кои медиуми се поддржуваат со јавни пари и за што се трошат тие пари. Во Европа, врз недискриминаторска основа и јасни критериуми се трошат буџетски пари за субвенционирање на печатените медиуми, локалните и малцинските медиуми.
Не можам да верувам дека Геровски не знае дека ние како ЗНМ изработивме концепт за субвенционирање на печатените медиумите во Македонија и помогнавме да се формира Здружението на печатени медиуми, кои врз основа на нашиот концепт преговарат со владата за субвенции.
Освен тоа, ЗНМ на владата на писмено и предложи да формира посебен фонд за инстражувачко новинарство, со кој ќе се финансираат истражувачки новинари без разлика во кој медиум работат.
Геровски непринципиелно се поставува и во однос на онлајн медиумите. Тој бара некаква регулација, а неговиот Плусинфо се води уште во име на невладина организација, со што предизвикува незадоволство кај другите онлајн медиуми, кои за таа цел основаат фирма. На Геро и на сите неупатени им согерирам да ја читат анализата на Советот на Европа во врска со практиките за регулација на онлајн медиумите во Европа и ќе им стане јасно зошто ЗНМ е против ваквата регулација.
И на крај, Геро ме повикува да сум објаснел зошто не свикувам седница на Управен одбор. Едноставно, затоа што луѓето се по одмори и чекам да се вратат. Сакам да им дадам можност на сите членови да учествуваат на седницата на Управен одбор. И второ, барање за седница е поднесено од двајца членови од вкупно 15 члена на Управен одбор, кои случајно имаат исти ставови со директорите на медиумите каде тие работат.

facebook статус на Насер Селмани- претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)



Слични Објави