| |

ВОЗАЧОТ НА КОМБЕТО И ВИНИЧАНЕЦОТ КОЈ ИЗБЕГА ОД БОЛНИЦА НЕМААТ КОРОНА ВИРУС

Возачот на комбето кој ја превезувал жената која е заразена со корона вирус и виничанецот кој вчера вечерта избега од штипската болница со својата девојка, хрватска државјанка немаат коронавирус.

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека по направените тестови резултатите се негативни.

Сепак и двајцата остануваат во изолација додека не поминат 14 дена, периодот на инкубација, а за понатаму ќе одлучат лекарите. Пациентката која е пак заразена со корона вирус е во добра здравствена состојба, нема температура и Филипче очекува наскоро да се опорави.

Во меѓувреме се испитува нов сомнителен случај на пациентка која пред три дена се вратила од северна Италија. Тогаш немала никакви симптоми, но утрово се јавила на Инфективната клиника со респираторни потешкотии, па сега се ипитува дали жената е позитивна или негативна на корона вирусот.

Засега таа останува единствениот пациент во Македонија кај кој е регистриран корона вирусот.



Слични Објави